Сениорите на Македонија заминаа за Словачка (ФОТО)

Македонската машка сениорска репрезентација денес заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж натпревар против селекцијата на Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Заедно со репрезентацијата кон Словачка заминува и делегација на Ракометната федерација на Македонија, предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да даде поддршка на националниот тим во овој важен предизвик.

За патувањето до Словачка е обезбеден чартер лет, со што на репрезентативците им се овозможени максимални услови и фокус пред натпреварот.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *