Екипата на Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе има нов тренер, кој ќе се обиде да го врати трофејот во Супер лигата, а и да атакува на други трофеи како Супер Купот и Купот на Македонија.
Станува збор за легендарниот тренер Лино Червар, кој од следната сезона ќе го предводи Еурофарм Пелистер и потпиша договор на две сезони.
“Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар. Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов тренер и предводник на проектот на Еурофарм Пелистер и се обрвза на двегодишен договор со клубот и најракометниот град”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








