Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во црвено-црниот тим.
Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








