Ракометниот Клуб Феникс официјално го одржа првиот тренинг и го означи почетокот на новата ракометна приказна во Радовиш.
На првиот тренинг присуствуваа голем број дечиња, а салата беше исполнета со насмевки, позитивна енергија и огромна желба за дружење и спорт.
“Потсетуваме дека уписите се во тек и можете да се придружите на нашите тренинзи – секој понеделник, среда и петок од 17:15 часот во СРЦ „25 Мај“, – објавија од Рк Феникс на социјалните мрежи.
(фото – Рк Феникс)📷












