Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока победа на гостувањето кај екипата на Стружанка со убедливи 34-18 во Женската Прва лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 18-4.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Кристина Наумовска со осум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Тијана Переска со 11 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








