Екипата на Охрид забележа победа на гостувањето кај екипата на Татабања со минимални 29-28 во првиот натпревар од финалето од Европскиот Куп.
Иако составот на Охрид имаше високо водство, сепак Татабања се врати, но на крај загуби од охридскиот тим.
Најефикасни во составот на Охрид беа Анте Иванковиќ и Дарко Ѓукиќ кои постигнаа седум гола кон противничкиот гол, додека Кристијан Пилиповиќ имаше 12 одбрани.

(фото – ГРК Охрид)📷








