Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина.
По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на клубот е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.
Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








