Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува дерби натпревар против составот на Алкалоид на домашен терен во рамки од плеј-офот од Супер лигата.
Од екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Алкалоид.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 28 мај (четврток) со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








