Радовиш и салата “25 Мај” ќе бидат домаќини на двата баражи кај сениорите и сениорките

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) го одреди домаќинот и салата за двата баражи во машка и женска конкуренција.

Домаќин на двата баражи ќе бидат Радовиш и салата “25 Мај”, кои ќе се одиграат на 3 јуни (среда) со почеток од 17:00 часот и 19:30 часот.

Првиот натпревар од 17:00 часот ќе го играат екипите на Ѓорче Петров 2 и Пелистер, додека вториот натпревар ќе го играат екипите на Струга и Младост Богданци од 19:30 часот.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *