По шести пат, традиционалниот турнир во ракомет “Рк Јехона – Гостивар 2026” ги пречекува девојчињата во пионерска конкуренција.
Учесници на овој турнир ќе бидат домаќинот Јехона, Пантери Кале од Кичево, Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе и Деспина од Прилеп.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Јехона и Пантери Кале, додека во второто полуфинале ќе играат екипите Деспина и Овче Поле Славјански Универзитет.
Натпреварите од овој турнир ќе се одиграат во Гостивар, во салата Младост на 6 јуни (сабота).

(фото – ЖРК Јехона)📷








