Ѓорче Петров 2 го совлада Пелистер и следната сезона ќе игра во Женската Супер лига

Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа победа против екипата на Пелистер со конечни 24-17 во баражот и од следната сезона ќе игра во Женската Супер лига.

Составот на Ѓорче Петров 2 го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Пелистер.

Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров 2 беа Сара Ристовска и Тара Аврамоска со по четири гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска со шест гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *