Екипата на Младост Богданци, која во новата сезона ќе игра во Супер лига нема да менува тренер.
Тимот на Младост Богданци го продолжи договорот со тренерот Горан Андоновски, кој ќе го предводи тимот и следната сезона.
“Со голема чест и задоволство објавуваме дека тренерот Горан Андоновски, останува тренер на РК Младост 1977 и во претстојната суперлигашка сезона”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци на социјалните мрежи.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








