Сениорската репрезентација на Македонија забележа два порази против селекциите на Чешка и Германија во ракомет на плажа.
Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови.
Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше поразена со 2:0 во сетови.
Репрезентацијата утре ќе го одигра својот последен натпревар на турнирот против домаќинот Полска.
(фото – РФМ)📷








