Раководството на РФМ заедно со министерот Борко Ристовски и други претставници од клубовите на Ф4 во Келн (ФОТО)

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, министерот за спорт, Борко Ристовски, како и делегација на Ракометната федерација на Македонија, присуствува на завршниот турнир – Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, кој се одржува во Келн, Германија.

Најдобрите четири европски екипи во машкиот клупски ракомет се борат за престижната титула европски шампион, во спектакуларна атмосфера пред илјадници љубители на ракометот од целиот свет.

Присуството на претставниците на РФМ на овој врвен ракометен настан претставува можност за размена на искуства, следење на најновите трендови во европскиот ракомет и зајакнување на меѓународната соработка со водечките ракометни организации и клубови.

(фото – РФМ)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *