Армина Исиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Ѓорче Петров

Екипата на Ѓорче Петров, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.

Станува збор за ракометарката Армина Исиќ, која и следната сезона ќе го носи дресот на Ѓорче Петров.

Ракометарката Армина Исиќ настапува на позицијата лев бек и таа е од Босна и Херцеговина.

“Ракометниот клуб Ѓорче Петров-ЖРК го продолжи договорот со Армина Исиќ, ракометарка од Босна, која игра на позицијата лев бек. И посакуваме среќа во новата сезона”, – објавија од Ѓорче Петров на социјалните мрежи.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *