Екипата на Младост Богданци, која во новата сезона ќе игра во Супер лигата задржа актуелен ракометар во своите редови.
Станува збор за ракометарот Даниел Андоновски, кој и во следната сезона ќе го носи дресот на Младост Богданци.
“Борбеноста, посветеноста и квалитетот што ги покажа на теренот правејки го најдобар стрелец сезонава во нашата екипа се само дел од причините поради кои клубот и Даниел продолжуваат заедно кон нови предизвици. Неговото останување претставува уште еден важен чекор во градењето на тим кој ќе биде подготвен за сите предизвици што ги носи новата сезона во Супер лигата”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци на социјалните мрежи.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








