Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Станува збор за ракометарот Ѓорѓе Атанасов, кој и во новата сезона ќе го носи дресот на Младост Богданци.
“Младинскиот репрезентативец, кој од своите први ракометни чекори е дел од нашиот клуб, продолжува да ја гради својата кариера во дресот на Младост. Во изминатите три сезони Ѓорѓе беше меѓу најдобрите стрелци на тимот, потврдувајќи го својот талент, посветеност и голем потенцијал”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








