Македонија домаќин на Европското првенство за мажи до 18 години во 2028 година!

Македонија и Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2028 година за ракометари до 18 години.

Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа.

Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот.

“Ракометната федерација на Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028”, – објавија од Ракометната Федерација на Македонија на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *