Екипата на Младост Богданци, која од следната сезона ќе игра во Супер лигата се раздели со неколку ракометари.
Тимот на Младост Богданци се раздели со Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас и Богдан Николиќ.
“РК Младост 1977 упатува голема благодарност до играчите и им посакува успеси понатаму каде и да ја продолжат кариерата”, – од Рк Младост 1977 Богданци на социјалните мрежи им се заблагодарија на ракометарите кои го напуштија тимот.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








