Градимир Чаневски потпиша за Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Градимир Чаневски, кој потпиша за тимот на Бутел Скопје и ќе го носи дресот во новата сезона.

Ракометарот Градимир Чаневски настапува на голманската позиција и тој доаѓа од редовите на Охрид.

Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година.

Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони.

Следуваше една сезона во Бутел Скопје, потоа и првото интернационално искуство во Израел, каде стана шампион со Макаби Ришон Ле Зион, а македонскиот голман беше избран и за најдобар на таа позиција во лигата за сезоната 2023/24.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *