Порталот 24Ракомет започна еден нов проект во Македонија, кој ќе трае и во иднина, а тоа е проектот “Куќата на славните”.
“Проект што има цел да ја зачува историјата, да им оддаде признание на најголемите имиња и да остави траен белег за сите оние кои со својата работа, игра, визија, посветеност и резултати го граделе македонскиот ракомет”, – стои во објавата на порталот 24Ракомет.
Во “Куќата на славните” влегуваат: Кирил Лазаров, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Владимир Радиќ, Ванчо Јовановски, Лефтер Бошковски (постхумно), Славе Атанасовски – Чаве (постхумно), Трифун Костовски, Силјан Мицевски (постхумно) и Михајло Михајловски.

(фото – 24Ракомет)📷








