Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата задржа двајца ракометари во своите редови.
Средниот бек Давид Јаневски и левото крило Марко Каевски ќе останат во клубот и во наредните две сезони.
Актуелните младински репрезентативци на Македонија потпишаа нови договори и ќе останат во Бутел Скопје најмалку до летото во 2028 година.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷








