Македонската репрезентативка Теодора Дукоска во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Ракометарката Теодора Дукоска во новата сезона ќе го носи дресот на Јувента Михаловце од Словачка, која беше промовирана од новиот клуб на социјалните мрежи.
Теодора Дукоска настапува на позицијата десен бек и таа доаѓа од редовите на Ѓорче Петров.

(фото – ЖРК Јувента Михаловце)📷








