Во рамките на подготовките за сезоната 2026/27, пионерските екипи на Тиквеш од генерациите 2012/2013 и 2014/2015 реализираа мини подготвителен камп исполнет со тренинзи, натпревари и дружење.
Младите ракометари одиграа повеќе контролни натпревари во Ресен и Струга против екипите на Младост Ресен, Ракометна школа Динг – Струга и тимот на Струга, при што имаа можност да стекнат ново искуство, да ги подобрат своите ракометни вештини и да создадат нови пријателства.
Покрај спортските активности, младите надежи на Тиквеш уживаа и во заедничко дружење, рекреација и незаборавни моменти покрај Охридското Езеро.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








