Ориол Реј Моралес го напушта тимот на Охрид

Екипата на Охрид во новата сезона ќе остане без ракометарот Ориол Реј Моралес кој го напушти тимот.

Од клубот потенцираат дека иако не сакаа да се разделат со Орио Реј Моралес, сепак беше активирана излезната клаузула.

“Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор. Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера”, – стои во објавата на ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *