Ракометарите на Вардар го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со големи амбиции.
По освојувањето на двојната круна во Македонија, пред „црвено-црните“ е нов предизвик – одбрана на трофеите на домашната сцена, но и успешен настап во Лигата на шампионите и во Регионалната лига.
Во тимот пристигнаа неколку нови имиња кои треба да донесат дополнителен квалитет и ширина во играта.
Нови ракометари на Вардар се десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар и средниот бек Матео Фадуил.
На подготовките се приклучуваат и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, како и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.
Вардарци првиот дел од подготовките ќе го реализираат на домашно тло во Скопје, а планиран е и престој во Маврово, каде екипата ќе работи на физичката подготовка и тимското воигрување. Пред стартот на официјалните натпревари во Регионалната лига, Вардар ќе настапи и на турнирите во Струга и Охрид.
(фото – Рк Вардар 1961)📷












