Ракометарите на Младост Богданци го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со ново поглавје и цел за стабилен суперлигаш и враќање на старите патеки.
Тимот на Младост Богданци првиот дел од подготовките ќе го реализира на домашно тло во Богданци.
Пред стартот на официјалните натпревари во Супер лигата тимот на Младост Богданци ќе настапи и на турнирот во Прилеп, и ќе одигра два пријателски натпревари против Куманово.
(фото – Спортска мрежа/Рк Младост 1977 Богданци)📷












