Екипата на Куманово, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата ги започна подготовките.
Со првиот тренинг беше означен почетокот на новиот циклус, во кој клубот ќе влезе со амбиции за уште подобри резултати од мината сезона.
Во текот на подготвителниот период стручниот штаб предвидува интензивна работа на физичката и тактичката подготовка на екипата, а планирани се и неколку пријателски натпревари преку кои тимот ќе ја темпира формата и ќе го воигрува составот пред почетокот на новата сезона.

(фото – МРК Куманово)📷








