Општина Илинден добива нов ракометен клуб под името Рк Илинден кој треба да работи за развој на ракометот во оваа општина.
Како основачи на клубот се: Жарко Пешевски, Гоце Георгиевски, Давид Савревски и Марио Танкоски и Дарко Ѓорѓевиќ.
Уште во својата прва сезона, Рк Илинден ќе се натпреварува во Првата македонска ракометна лига, а паралелно ќе формира и младинска екипа која ќе се натпреварува во младинската лига на Ракометната федерација на Македонија.

(фото – Рк Илинден)📷








