Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик, согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите.
Со цел унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра, примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на сезоната.
Ракометната федерација на Македонија продолжува со активности насочени кон унапредување на стручноста, едукацијата и квалитетот на сите чинители во македонскиот ракомет.

(фото – РФМ)📷








