Екипата на ЖРК Куманово во новата сезона нема да се натпреварува во Женската Супер лигат, а нејзиното место ќе го заземи екипата на ЖРК Деспина.
“Ракометната Федерација на Македонија информира дека, согласно член 23 од Пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, екипата на ЖРК Куманово се исклучува од натпреварувањето во Супер женската ракометна лига. Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ЖРК Овче Поле СУ да продолжи да се натпреварува во Првата женска ракометна лига”, – стои во соопштението на РФМ.
(фото – ЖРК Деспина)📷








