Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Подравка и Ѓер.
Натпреварот меѓу екипите на Подравка и Ѓер ќе се одигра на 5 септември во Хрватска со почеток од 16:00 часот.
Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу екипите на Крим Меркатор и ЦСМ Букурешт кој се игра исто така на 5 септември со почеток од 16:00 часот во Словенија.
(фото – Архива)📷








