Екипата на Спартак забележа победа против екипата на Вардар со конечни 31-28 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако составот на Вардар на полувреме го имаше водството од 15-12, сепак во второто полувреме со пресврт тимот на Спартак стигна до победа.
Најефикасна во редовите на Спартак беше Анастасија Николовска со 11 гола, додека кај Вардар најефикасни беа Ивана Трифуноска и Леона Миленкоска со по 9 гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷








