Убедлива победа за ракометарите на Тиквеш против екипата на Борец во Купот, со конечни 35-26.
Во првото полувреме се играше гол за гол, но ракометарите на Тиквеш направија мини серија за на полувреме да заминат со осум гола разлика 18-10. Во второто полувреме екипата на Тиквеш продолжи во ист ритам, а Борец немаше одговор за да возврати и мораше да се задоволи со убедлив пораз.
Најефикасен во составот на Тиквеш беше Стефан Дрогришки со осум погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Кристијан Ристов исто така со осум погодоци.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷