Собир на женската сениорска репрезентација на Македонија (ФОТО)

Денес, 21 септември, во 09:00 часот, во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа собир на женската сениорска репрезентација.

На собирот присуствуваше генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, а беше одржан и првиот официјален состанок на репрезентативките со новиот селектор Игор Марковиќ.

По состанокот, репрезентацијата отпатува за Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките во пресрет на настапот на „Трофеј Македонија 2026“.

(фото – РФМ)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *