Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 36-13 во Женската Прва лига.
Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 14-6.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 12 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Бојана Божиновска со 5 гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








