Пред почетокот на натпреварот меѓу Младост и Вардар, домаќинот му врачи плакета со благодарност на клубот.
Признанието е доделено како знак на почит за европските успеси на Вардар, за афирмацијата на македонскиот ракомет и за придонесот во создавањето на ракометната историја на Македонија.
Убав гест и признание што има посебна тежина за клубот, особено во средина со голема ракометна традиција.
“Му благодариме на РК Младост 1977 – Богданци за укажаната чест, гостопримството и почитта”, – објавија од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








