Екипата на Тиквеш забележа победа против екипата на Мулти Есенс со минимални 27-26 во Супер лигата.
Во последните неколку секунди тимот на Мулти Есенс имаше напад за реми, но голманот Марјан Велков од Тиквеш го спречи ударот и бодовите останаа во Кавадарци.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Тоше Ончев со седум гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Стефан Ѓоргиевски исто така со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








