Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Младост Богданци одиграа нерешено со конечни 30-30 во натпревар од Супер лигата.
Иако составот на Младост Богданци имаше напад и за победа, сепак не го искористи тоа и натпреварот заврши нерешено.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Давид Димевски и Божидар Илиески со по осум гола, додека кај екипата на Младост Богданци најефикасен беше Даниел Андоновски со девет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








