Екипата на Вардар ја очекува реванш натпревар против Висла Плоцк во натпревар од Лигата на шампионите.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Вардар, Вукашин Воркапиќ кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
„Теоретски сè е можно, иако реално веројатно немаме многу шанси. Што се однесува до првиот натпревар, не знам дали навистина го дадовме сето она што беше во рамките на нашите можности, но тоа не беше доволно. Навистина се обидовме, но сега мораме да се прегрупираме, да извлечеме поука од грешките и да поправиме сè што може да се поправи. Ќе дадеме сè од себе овој натпревар да биде поинаков, да понудиме уште повеќе, да ги исправиме грешките и да ги освоиме двата бода што сите со нетрпение ги очекуваме. Единствениот начин да стигнеме до тие два бода е со вистински пристап и вистинска енергија. Тоа е суштината. Ќе дадеме сè што имаме“, – изјави Вукашин Воркапиќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








