Екипата на Охрид забележа висока и убедлива победа против екипата на Мулти Есенс со конечни 42-26 во Супер лигата.
Составот на Охрид водеше во текот на целиот натпревар, па на крај лесно да се справи со тимот на Мулти Есенс.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Доминик Мате со осум гола, додека кај Мулти Есенс најефикасни беа Дарјан Ѓокески, Христијан Гурмешевиќ и Стефан Ѓоргиевски со по четири гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








