Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против Јехона со убедливи 51-14 во Женската Прва лига.
Составот од Свети Николе победата ја обезбеди уште на полувреме, кога водеше со високи 27-4.
Најефикасни во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беа Јована Ангеловска и Анастасија Сентовска со по десет гола, додека кај Јехона најефикасна беше Алтина Хасани со седум гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








