Екипите на Драчево Јуниор и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено со конечни 34-34 во натпревар од Првата лига.
Иако составот на Македонија Ѓорче Петров го имаше водството, сепак тимот на Драчево Јуниор се врати и на крај двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасен во редовите на Драчево Јуниор беше Стефан Крстески со шест гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Чакалиќ со 13 гола.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








