Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Младост Богданци со убедливи 36-21 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 16-6.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Горан Кузманоски со седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Владимир Бојаниќ исто така со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








