Мартин Карапалевски: Влегуваме во натпреварот со јасна цел да ги освоиме бодовите против Куманово

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Куманово во натпревар од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Мартин Карапалевски кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Куманово.

“Не очекува натпревар против млада и незгодна екипа на Куманово, која особено на домашен терен може да биде опасна. Свесни сме за нашите квалитети и влегуваме во натпреварот со јасна цел да ги освоиме бодовите. Сметам дека доколку бидеме на потребното ниво, со максимален пристап и дисциплина во текот на сите 60 минути, можеме да стигнема до посакуваниот резултат. Дополнителен мотив ни е тоа што ова е последен натпревар пред репрезентативната пауза, па сакаме да ја завршиме оваа серија на најдобар можен начин”, – изјави ракометарот на Охрид, Мартин Карапалевски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *