Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 9. коло од Супер лигата.

Судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Лери Мирчески.

Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 1 ноември со почеток од 17:45 часот во салата “Јане Сандански”, во Скопје.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *