Кадетската екипа на Прилеп во рамки од 8. коло од кадетската лига ја совлада екипата на Преспа на домашен терен со резултат 35-32.
Иако на полувреме беше нерешено со 15-15, сепак во второто полувреме се играше гол за гол, но на крај Прилеп ги освои бодовите против Преспа.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Вања Ѓорѓиоска со 13 гола и Мартин Димоски со 8 гола, додека кај Преспа најефикасен беше Виктор Ѓорѓиевски со 14 гола.

(фото – Рк Прилеп)📷








