Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Пелистер со конечни 45-18 во Женската Супер лига.
Составот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 22-7.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивана Трифуноска со девет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Еџе Сејадин со шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








