Доделени плакети за делегати за придонес во ракометот (ФОТО)

Здружението на делегати и контролори додели пет плакети на делегати за особен придонес во ракометот во Македонија.

Три плакети им беа доделени на Камер Металари, Марјан Огњановски и Драган Начевски кои минатата сезона заминаа во пензија.

Две плакети беа доделени постхумно, во чест на неодамна починатите Стево Костенчев и Душан Микиќ, а плакетите ги примија членовите на нивните семејства.

(фото – 24Ракомет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *