Екипата на Струга забележа победа против екипата на Стружанка со конечни 25-18 во Женската Прва лига.
Иако составот на Стружанка имаше водство на полувреме со резултат 10-9, сепак во второто полувреме со добра игра Струга се врати и славеше победа.
Најефикасна во редовите на Струга беше Калина Симоноска со осум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со шест гола.
(фото – ЖРК Струга)📷








